| ГЛАВНО МЕНИ |
Општи информации
Деловни информации
Информации за локалната самоуправа
|
|
 |
|
ВЕСТИ
|
 |
Македонија
Прво демаркација, па признавање на Косово
Скопје - 2008-05-06
Мнозинствотограѓани на Македонија сметаат дека прво треба да се одбележи границата, па потоада се признае независноста на Косово.
Ова го покажува најновото испитувањена јавното мислење, спроведено од Центарот за истражување и креирање политикисо седиште во Скопје.
Според резултатите од анкетата, 55отсто се изјасниле дека прво треба да се одбележи границата, па да се признаеКосово.
Бројките се спротиставени доколку сеанализираат одговорите според етничката припадност на испитаниците. За 74 отстоод Македонците приоритет е одбележување на границата, додека за 85 отсто одАлбанците поважно да се признае независноста на Косово.
На прашањето дали се согласувате Македонијада го признае Косово како независна држава, позитивен одговор дале помалку одполовината анкетирани, 41 отсто.
Анкетата спроведена на крајот одаприл покажува пораст во генералното мислење кај испитаниците кои биле „за“признавање на Косово.
Во мартовската анкета на Центарот заистражување и креирање политики, признавање на независноста на Косово имашеподдршка од 36 отсто.
|
|
|
 |
|