| ГЛАВНО МЕНИ |
Општи информации
Деловни информации
Информации за локалната самоуправа
|
|
 |
|
ВЕСТИ
|
 |
Македонија
Макфакс - 15 години најбрзо до вистината
Скопје - 2008-05-05
Независнатановинска агенција Макфакс во Скопје денеска одбележува 15 години постојаноемитување вести.
Макфакс е првата приватна новинскаагенција во Југоисточна Европа (ЈИЕ) и еден од првите приватни медиуми воМакедонија. Агенцијата е основана во август 1992 година, а првата вест јаобјави на 5. мај 1993. година.
Агенцијата Макфакс годишнината јаодбележува со слоганот 15 – годининајбрзо до вистината. Макфакс останува доследен на основните принципи сокои ја започна работата: да пишува вистинити вести, професионално подготвени инајбрзо да ги достави до корисниците, јавноста, читателите.
Вестите на Макфакс ги користат професионалниновинари, амбасадори, дипломати, бизнисмени и сите кои ги почитуваатвредностите на веродостојно и брзо информирање и знаат колку е важно веста да се дознае брзо.
Постојано расте бројот на посетители на интернет страниците на Макфакс. Според еден сајтметар страниците просечно дневно имаат по 20. 000 посети. За македонскиинформативен сајт кој објавува само вести, тоа е завидна посета. Сајтот имачитатели од целиот свет, од Канада и САД преку Европа, до Австралија и НовЗеланд.
Макфакс беше прв и до неодамнаединствен приватен медиум во Македонија кој информира паралелно на македонски ина албански јазик. Макфакс го има и сервисот на вести на англиски јазик познаткако DAIMS, а го користат дипломатите кои ги ценат вредностите на брзо иверодостојно информирање.
Во првата редакција на Макфакс имашесамо тројца вработени. Сега има 18 постојано вработени и десетина надворешни соработници. Сите тие се образовани, добро обучени и одговорни професионалци, секој восвојата област.
Пове е донатори од странство, изминативе години ја препознаа и ја поддржаа како независна агенцијатаМакфакс. Меѓу нив се USAID; IREX – Promedia;Норвешка народна помош (NPA); Шведски Хелсиншки комитет (SHC); Фондот ИнститутОтворено Општество Македонија (ФИООМ), Меѓународната организација за бегалци (IOM), како и Министерството за надворешни работи на Кралството Норвешка.
Во работата на Макфакс беа и севклучени и странски експерти и консултанти. Тоа се Дејвид Бруер и Тудор Ломасод Велика Британија, Лари Гербер од САД. Сега во агенцијата се вклучени СиссаБоргарп–Јоновски, од Шведска, како консултант за маркетинг и Ирена Ѓузелова од ВеликаБританија, како консултант за развој на специјализирани сервиси вести.
Агенцијата Макфакс е член намедиумската организација SEEMO, со седиште во Виена. Соработува и има поддршкаод VAN, светската организација за весници, со седиште во Париз.
Макфакс беше иницијатор за формирањена APNA – Асоцијација на приватни новински агенции од поширокиот регион, вокоја сега членуваат 16 новински агенции. Седиште на APNA е во Скопје, а Макфакс е претседавач.
Независната новинска агенција Макфакс 15години постојано емитување на вести гиодбележува со организирање на Тркалезна маса за „Улогата на приватните новинскиагенции во системот на информирање и регионално поврзување“, на која еучествуваат и членови на APNA.
Средбата е се одржи во вторник воКлубот на новинарите на Македонија. Во истиот простор во 13 часот е бидеотворена и првата продажна изложба на фотографии на 15 професионалнифоторепортери од Македонија.
|
|
|
 |
|