| ГЛАВНО МЕНИ |
Општи информации
Деловни информации
Информации за локалната самоуправа
|
|
 |
|
ВЕСТИ
|
 |
Македонија
Грција против референдум за името во Македонија
Атина - 2008-05-05
Грција нема дапотпише договор за име, кое подоцна властите во Македонија би го ставиле нареферендумско изјаснување.
Ова денеска го пишува грчкиотконзервативен весник „Катимерини“, повикувај и на анонимни извори воМинистерството за надворешни работи во Атина, прнесува Макфакс.
Според истите извори, официјалнаАтина го смета евентуалниот референдум за внатрешно прашање на Македонија, но, смета дека такво изјаснување треба да има пред, а не откако е биде постигнатдоговор за разликите за името.
„Грција бара да бидат даденигаранции со одлука на Советот за безбедност на Обединетите нации. Ветото заНАТО останува на сила, во иста мера како и за претпристапни преговори на Македонијасо ЕУ“, пишува „Катимерини“ во статијата под наслов „Атина загрижена околуставот на Македонија“.
Весникот посочува дека грчкатазагриженост е предизвикана од изјавата на македонскиот премиер Никола Груевскидека договорот за името, што би го постигнале Атина и Скопје, е треба да бидеверификуван од граѓаните на референдум.
|
|
|
 |
|