| ГЛАВНО МЕНИ |
Општи информации
Деловни информации
Информации за локалната самоуправа
|
|
 |
|
ВЕСТИ
|
 |
Македонија
Црвенковски-Тадиќ:Предвремените избори не значат криза
Охрид - 2008-05-03
Одржувањето на предвремени парламентарни избори воМакедонија и Србија не значи дека земјите во регионот се во криза.
Ова денеска, на заедничка прес конференција воОхрид, го изјавија претседателите на двете држави, Бранко Црвенковски и БорисТади.
„Некогаш одржувањето на избори може да помогнат дасе излезе од криза, но ние во Македонија не гледаме на изборите како криза“рече Црвенковски.
Со слична изјава беше и Тади , според кого изборите во Србија имаат референдумско значење за или против Европа.
Коментирај и го проблемот со демаркацијата насеверната граница на Македонија, во делот со Косово, Црвенковски и Тади соразлични гледишта.
„Имаме разбирање за ставот на Белград кој еконсеквентен во однос на Косово, но од друга страна се поставува прашање далиБелград може да обезбеди физичко присуство на границата. Доколку тоа не може дабиде направено Македонија не мисли да се откажува од демаркација на границаташто е во интерес на нејзината стабилност“, рече Црвенковски.
Наспроти него српскиот претседател Тади истакнадека секој акт кој задира во суверенитетот и интегритетот на Србија енеприфатлив за Белград.
„УНМИК е должен првенствено да ја обезбедидемаркацијата на границата и ние не отстапуваме од тоа“, рече Тади
На прашање на грчки новинар дали по предвремените избориво Македонија може да се очекува решение во спорот со името, претседателотЦрвенковски го повтори ставот дека Македонија е подготвена да преговара воизнаоѓање фер решение, но не е подготвена да прифати диктат.
Притоа тој напомена дека решението се однесува наиме за меѓународна употреба, а не предлог кој задира во уставното уредување наземјата.
|
|
|
 |
|