| ГЛАВНО МЕНИ |
Општи информации
Деловни информации
Информации за локалната самоуправа
|
|
 |
|
ВЕСТИ
|
 |
Македонија
Клаус:Грчкото вето-неевропски чин
Охрид - 2008-05-03
Ветото на Грција на приемот наМакедонија во НАТО е неевропски потег, смета чешкиот претседател Вацлав Клаус.
Тој, како што беше соопштено на брифинготза новинари, на билатералната средба со македонскиот претседател Црвенковски, истакнал дека не го разбира ветото на Грција и дека тоа всушност претставуваблокада на европските процеси.
Клаус рекол дека е стратешкагрешка Албанија да биде поканета, а Македонија да не добие покана за НАТО идека тоа може да влијае врз безбедноста на регионот.
Според Клаус Македонија мора данаправи се за да го реши проблемот со името зошто може да се соочи со проблемикако во Букурешт и на патот за ЕУ.
„Доколку не биде решен проблемотМакедонија, иако меѓу првите во регионот потпиша договор за пристапување кон ЕУ, може да се случи во ЕУ да влезе со последните земји“, смета Клаус.
Самитот на претседатели надржавите од Централна Европа официјално заврши со излагања на учесниците за енергетските перспективи на регионот, пошто се очекува претседателот Црвенковски да ги соопшти заклучоците од средбатаво Охрид.
|
|
|
 |
|