| ГЛАВНО МЕНИ |
Општи информации
Деловни информации
Информации за локалната самоуправа
|
|
 |
|
ВЕСТИ
|
 |
Македонија
Протест на Светскиот ден на слободата на медиумите
Скопје - 2008-05-03
Здружението на новинарите на Македонија ги повикановинарите и медиумските работници денеска на пет минути громогласна тишина, поповод Светскиот ден на слободата на медиумите.
Протестот од 11. 55 до 12. 00 часот и во централнитеинформативни емисии во електронските медиуми е опомена за оние што гопопречуваат слободниот проток на информации и оддавање почит за настраданите колеги.
ЗНМ истовремено ја повика Владата, министерствата, партиите и партиските активисти во предизборниот период да им гарантираат безбедност и непречена работа на новинарите, а евентуалните напади или закани итно и безрезервно да се санкциониранаат.
Здружението бара да биде гарантиран пристапот до информациите и архивите, според Законот за слободен пристап до информациите од јавен карактер.
Нападот на новинар на терен, според ЗНМ треба да се смета како напад на службено лице, при извршување на работна задача.
|
|
|
 |
|