| ГЛАВНО МЕНИ |
Општи информации
Деловни информации
Информации за локалната самоуправа
|
|
 |
|
ВЕСТИ
|
 |
Македонија
Влошена положбата на медиумите во Македонија
Скопје - 2008-05-02
Светскиот ден на слободата на печатот – 3. мајМакедонија годинава го пречекува на едно од последните места во регионот сооценка полоша од лани.
Според годишниот извештај на американската невладина организација „Фридом Хаус“ Македонија е на стото место, од вкупно 195 држави. Лани според истатаанкета Македонија беше на 98. место.
Оценката за слободата на медиумите во Македонија неможеше, а да не се влоши, откако лани во септември, полицајци претепуваа илегитимираа сниматели, а партиски силеџии неказнето, среде Парламент, удираановинари.
Соочени со серија насилни инциденти снимателите иновинарите реагираа со демонстративно напуштање и бојокот на прес конференцијана премиерот и на целата Влада на Македонија.
Според оценките на „Фридом Хаус“ пове ето приватни медиуми во Македонија се поврзани со политички или бизнисинтереси, што влијае врз содржините што гиобјавуваат. Медиумите во државна сопственост гиподдржуваат позициите на Владата, се наведува во извештајот, по повод 3. мај, светскиот ден на слободата на печатот.
Во истиот извештај се наведува и дека Владата на Македонија е главен огласувач вомедиумите, при што, како што се укажува, ги фаворизира оние медиуми што ги смета за пријателски.
Оценките за намалување на слободата на медиумите, вооснова, се поврзани нивната финансиска нестабилност. Тоа придонесува и условува содржините во гласилата да бидат под надворешни влијанија.
Тенденцијата наопаѓање на слободата на медиумитево светот опаѓа ве е шеста година по ред, се наведува во годишниотизвештај на американскатаневладина организација „Фридом Хаус“.
Во него се додава дека намалувањето на медиумската слобода, која штоподеднакво се забележува и во авторитативните режими и во демократскитеуредувања.
|
|
|
 |
|