| ГЛАВНО МЕНИ |
Општи информации
Деловни информации
Информации за локалната самоуправа
|
|
 |
|
ВЕСТИ
|
 |
Регион
Тринаесет години од хрватската воена операција „Блесок“
Белград - 2008-05-01
Тринаесет годинисе навршуваат денеска од воената операција „Блесок“, со која Хрватска јаослободи западна Славонија, а околу 30 илјади Срби ја напуштија државата.
Според податоците на невладинатаорганизација „Веритас“, во операцијата биле убиени или исчезнати 283 Срби, меѓукои 57 жени и деца.
Хрватите, според организација, гисобрале и ги закопале телата на 168 убиени Срби, најголемиот дел под знакот„непознат“, а тие ни до денес не се ексхумирани и идентификувани.
Хрватските медиуми пренесуваат декаво акцијата загинале 42, а биле ранети 162 хрватски војници и полицајци одвкупно 16 илјади, колку што учествувале во акцијата.
Хрватските сили извршија напад врзСрбите во западна Славонија на 1. и 2. мај 1995 година, кога српската областбеше под заштита на Обединетите нации.
Нападот започна на 1. мај во пет часотнаутро од пове е страни. Најголем број српски цивили и војници загинале илибиле ранети во бегалските колони на патот Нова Варош – Градишка, кога колонитебиле бомбардирани од хрватски авиони и хеликоптери или со топовски гранати.
„Операцијата „Блесок“ била однапредпланирана, траела помалку од 60 часа и претставува завршница од етничкоточистење на околу 30 илјади Срби од западна Славонија“, посочи претседателот наДокументационо – информативниот центар „Веритас“, Саво Штрбац, потсетувај идејка за злосторствата на Србите се уште никој не одговарал.
|
|
|
 |
|