| ГЛАВНО МЕНИ |
Општи информации
Деловни информации
Информации за локалната самоуправа
|
|
 |
|
ВЕСТИ
|
 |
Македонија
Грција со нови закани за вето поради билбордот со свастика
Вашингтон - 2008-04-01
Грчкиот амбасадорво Вашингтон предупреди денеска дека македонските надежи за приклучување воНАТО можат да бидат загрозени поради навредливите билборди со грчкото знамеистакнати во Скопје.
Грција ипретходно и се закани на Македонија со вето поради нерешениот спор со името. Ноза американскиот претседател Џорџ Буш, приклучувањето на трите земји од Јадранскатагрупа - Македонија, Албанија и Хрватска е врвен приоритет на престојниот самитна Алијансата што започнува утре во Букурешт.
Според зборовитена грчкиот амбасадор во САД Александрос Маљас, билбордите со свастиката на грчкотознаме истакнати во Скопје, сега е бидат уште еден аргумент пове е воспротивставувањето на Грција за приклучување на Македонија во НАТО.
Маљас денескаписмено за ова ги известил американскиот претседател Џорџ Буш, Државната секретаркаКондолиза Рајс, американските конгресмени и Еврејските организации во САД.
“Сликата нагрчкото знаме на кое крстот е заменет со свастика е длабоко навредувачка за патриотитеи хероите, подеднакво Грци и Американци, кои ги дале своите животи бореј и сепротив нацизмот и фашизмот за време на Втората светска војна”, пишува Маљас во писмото.
“Тоа особено јавознемири Еврејската заедница во северногрчкиот град Солун во (грчка)Македонија, која беше речиси уништена за време на војната”, наведува Маљас.
Македонскатаамбасада во Вашингтон, како што јавува Асошиејтед Прес, навела дека нејзиниотамбасадор, кој е единствено овластен да даде изјава, не бил достапен. Во интервјутоза истата агенција, Маљас навел дека Грција ја смета Македонија за одговорна забилбордите, иако Владата не ги истакнала.
“Овој чин епродукт на агресивна и непријателска пропаганда што Владата во Скопје јапропагира против Грција”, изјавил Маљас.
“Дали можете дазамислите земја која има аспирации да стане НАТО членка за 48 часа да толериратаква пропаганда”, рекол Маљас.
Тој нагласил декаиако македонскиот министер за надворешни работи Антонио Милошоски изразилжалење поради билбордите, тој тоа го сторил дури откако Грција официјално вложиладипломатски протест. Маљас рекол дека билбордите не биле отстранети.
СоединетитеАмерикански Држави ја поздравиле изјавата со извинувањето на Милошоски.
“Ги поздравувамеофицијалните изјави од Скопје со кои владата се оградува од какви било сличнисимболи и реторика”, изјавил Гонзало Галегос, портпарол на Стејт департментот.
|
|
|
 |
|