| ГЛАВНО МЕНИ |
Општи информации
Деловни информации
Информации за локалната самоуправа
|
|
 |
|
ВЕСТИ
|
 |
Свет
Обама води пред Клинтон, двајцата изедначени со МекКејн
Вашингтон - 2008-04-01
Сенаторот Барак Обама води во трката за претседателсканоминација пред Хилари Клинтон, додека двајцата се речиси изедначени возамислениот дуел против Џон МекКејн.
Ова се наведува во истражувањето на американскиотинститут „Галуп“, спроведено по периодот од 28-30 март.
Во делот од анкетата спроведена само меѓу членовиили симпатизери на Демократите, 51 отсто од нив го поддржале Обама, додека заКлинтон се изјасниле 43 отсто од испитаниците.
Републиканскиот кандидат МекКејн е во благо водствово споредба со двајцата Демократски кандидати, покажува општата анкета.
На прашањето, доколку на изборите противник наМекКејн биде Обама, 46 отсто од анкетираните би гласале за Републиканецот, додека 45 отсто за Обама, а во случај противник да биде Клинтон, Меккејн биводел со однос 47 наспроти 45 отсто.
Резултатите од анкетата се на маргините на можнагрешка до максимални +, -, 2 отсто.
|
|
|
 |
|