ГЛАВНО МЕНИ
Општи информации
•  Инфраструктура
•  Демографија
•  Клима
•  Култура
•  Телефонски именик

Деловни информации
•  Стопанство
•  Трговски друштва
•  Градежништво
•  Рударство
•  Земјоделство
•  Водостопанство
•  Туризам

Информации за локалната самоуправа
•  Општински совет
•  Градоначалник
•  Општинска админинистрација
•  Општи акти
•  Здруженија во коишто членува општината
•  Општини со коишто соработува
•  Непосредно учество на граѓаните во одлучувањето

•  Контакт
•  Impressum
 
Sponsoring:
•  reisen
•  last minute
•  urlaub
 
 Welcome to Prilep
Општина Прилеп се наоѓа во централниот дел од јужното подрачје на Република Македонија. Го зафаќа Прилепското поле кое го сочинува северниот дел од најголемата котлина во Македонија, Пелагонија. Градот Прилеп се наоѓа на надморска височина од 620-650 метри, а на ридестите падини и до 680 метри. Во општина Прилеп,на површина од 511,97 квадратни километри, живеат 73.925 жители од кои 69.888 во градот. Најголемиот дел од жителите на општина Прилеп  односно 64.527  се Македонци, а покрај нив има уште и 4.421 Роми,315 Срби,254 Турци,29 Албанци,8 Власи,како и 4.371 жители кои им припаѓаат на други националности.
 
Во сториските извориПрилеп за прв пат се споменува во 1014 година.Територијата на градот и неговата околина претставувале едно од најважните стратешко-политички и воени подрачја на овој дел од Балканот.Во пелагонискиот дел се наоѓале мошне важни крстосници на патишта од правецот на Егејското и Јадранското море.Важните антички магистрали Виа Игнација и Виа Милитарис својата најприродна врска ја имале преку Прилеп. Исто така преку Прилеп врвел и најкусиот трговско-каравански пат по кој  од правецот на Јадранското море венецијанските и дубровничките трговци и курири поаѓале кон Солун.Низ вековите,на овој простор се среќавале и се судирале хеленската,римската,византиската и словенската култура.
 
Најрепрезентативните споменични комплекси од античкиот период се наоѓаат на локалитетите "Бедем" во с.  Чепигово,  "Безистен" меѓу селата Прилепец и Волково,како и во самиот град. На неколку локалитети се утврдени и остатоци од античките градови Стибера,Алкомена,Керамија и Колобан>са.
 
Според застапеноста на културно-историските споменици,ништо помалку значаен не е ниту периодот на средниот век.Тука спаѓаат црквите Св.Никола, која датира  од 13 век,Св.Успение на Богородица во манастирот на Трескавец со репрезентативни фрески од 15,16 и 19 век,како и манастирот со црквата  Св.Преображение која се наоѓа над  селото Зрзе.Најзначајниот комплекс  од културно-историски споменици се наоѓа во  самиот град,кој бил центар на пошироката политичко-територијална организација и значајно политичко и воено престојалиште на македонскиот цар Самуил.Комплексот споменици на средновековниот Прилеп го зафаќа просторот на стеновитото возвишение Маркови Кули и околните простори со локалитететите Поткули,Варош и Заград.На возвишението Маркови Кули се наоѓа една од петте најголеми балкански тврдини,составена од три одбрамбени појаси и  повеќе кули и порти.
 
Најголемиот подем во својата средновековна историја Прилеп го доживеал во последната четвртина од 13 и првата половина на 14 век.Резултат на таквиот растеж се значајните споменици од тој период,како што се единственото наоѓалиште на остатоци од словенска населба од 10 век,црквата Св.Архангел Михаил со фрески од 11 век,како и црквите Св.Димитрија и Св.Никола во која се наоѓа и фрескоживописот од 13 век.Во деветнаесеттиот век во градот се формирал трговски центар со познатата Стара чаршија. Во периодот на македонската културна и национална преродба, Прилеп претставувал значајно средиште на словенската,односно македонската  писменост,литература и култура.Од тој период од посебно значење е просветителската дејност која во Прилеп ја изврушувале македонските преродбеници Јордан Хаџи-Констатинов Џинот, Димитар Миладинов, Рајко Жинзифов и Кузман Шапкарев како и дејноста на познатиот собирач на македонски народни умотворби Марко Цепенко.
 
Во илинденскиот период градот бил средиште на македонското национално и ослободително движење.Прилеп и прилепско во тој период  дале десетици револуционери и борци,меѓу кои и Пере Тошев, Ѓорче Петров, Петре Ацев и многу други.
 
На 11 октомври 1941 година во Прилеп,со нападот на Участакот,започна вооруженото востание на македонскиот народ против фашистичкиот окупатор за негово национално ослободување и самостојност. "Могилата на непобедените", како еден од најмонументалните споменици во кој се погребани посмртните останки на повеќе од 650  борци од овој крај претставува значајно сведоштво за масовното и   пожртвувано учество на луѓето од овој крај во ослободителната војна.
 
Својот најзначаен подем и растеж Прилеп го доживеа во времето на слободниот повоен развој кога и израсна во значаен политичко-административен,културно-образовен,научен и стопански центар во Република Македонија.На македонската книжевност Прилеп и подари повеќе од 25 писатели,на ликовната уметност дваесетина сликари и скулптори,а на македонската научна мисла повеќе признати научни работници. 
Резултат на евидентниот развој е и дејноста на Економскиот факултет но и на другите две научни институции:Институтот за тутун и Институтот за истражување на старословенската култура.
 
Стопанскиот живот се согледува преку повеќе индустриски гранки, како што се тутунската индустрија, металната индустрија, индустријата за неметали, хемиската,текстилната и дрвната индустрија.
 
Прилеп е ознат светски центар за производство на квалитетен тутун од типот "Прилеп"  кој е особено баран на светскиот Пазар. Прилеп е и град во кој се наоѓаат рудниците на еден од најквалитетните мермери во светот.
 
Прилеп е град на тутунот и мермерот,на богато културно наследство и историја,на националната гордост и отвореност кон светот,град херој.
 
Посетиго спонзорот "Fahrrad" & "Handwerker"
НАЈНОВИ ВЕСТИ
2008-07-06
Најмалку 15 загинати во бомбашки напад во Пакистан ... Читај повеќе

2008-07-06
Семејството на Бин Ладен се подготвува да го купи Њукасл ... Читај повеќе

2008-07-06
Албанската полиција откри мрежа на фалсификатори на документи ... Читај повеќе

2008-07-06
Крадците од банкоматите во Албанија трошеле пари и во Македонија ... Читај повеќе

2008-07-06
Двете најголеми партии во Грција немаат волја да се справат со корупцијата ... Читај повеќе

2008-07-06
Полициски инспектори барале мито за да вратат „харли дејвидсон“ ... Читај повеќе

2008-07-06
Пак:БиХ со ефикасни институции ако сака во ЕУ ... Читај повеќе

2008-07-06
Убиство поради нерасчистени сметки во Куманово ... Читај повеќе

» Останати топ вести